Општа забелешка
Услугата на Western Union
се нуди
во Македонија од Септември 1999, од страна на
Интернационална
Финансиска Унија (ИФУ)
како
подружница на Финансиска Унија Тирана.
Со
текот на годините
ИФУ
ја
прошири мрежата
низ
цела територија на Македонија.
Во крајот на 2003 год,
ИФУ
имаше 28 агенции во својата мрежа.
Формирана
во
јануари
2004,
Унија
Финансиската Скопје (УФС),
како наследник
на
Интернационална
Финансиска Унија (ИФУ),
во август 2004 год.
се
стекна со лиценца
од страна на Народна Банка на
Република
Македонија, како небанкарска финансиска
институција
која ги нуди
услугите
на
,,
брз
трансфер на пари‘‘.
УФС
има договор на застапување со WESTERN UNION NETWORK ,глобален
лидер во услугите на брз трансфер на пари со повеќе од 150
години
искуство.
Денеска Western Union продолжува да
им
помага
на
потрошувачите и бизнисите да ги трансферираат парите или да
вршат
плаќања,
употребувајќи
,, money orders‘‘ и други електоронски
системи. Клиентите можаат брзо и лесно да трансферираат пари
во
повеќе
од
350.000 агенции на Western Union
во
повеќе од 200
држави
низ
целиот свет.
Мрежата и Проширувањето
УФС
има
воспоставено
мрежа
во
Македонија со повеќе од
200
агенции во повеќе
од
29 градови.
Како
резултат на стратегијата на
УФС
мрежата ќе се проширува уште повеќе во иднина, со
што ќе
се покријат
сите подрачја
во Македонија.
Во мрежата на
Унија
Финансиска Скопје постојат
четири типови на
агенции на Western Union:
-
Агенции
кои исклучиво се занимаваат со
Western Union
-
Туристички агенции
-
Менувачници
-
Банкарски локации
-
Македонска Пошта
Најголемиот дел
од
агенциите на Western Union
се
комбинација
од
горенаведените услуги. Сите агенции се позиционирани на
многу видливи и соодветни
места
како на
пример:
во
центар
на град,
на
главна
улици и
во
трговски центри.
За да се постигне
највисок степен на квалитет и брза услуга сите агенции
на Western Union
располагаат
со компјутер, факс, фотокопир и друга
потребна
опрема
за вршење
на
дневни
активности.
Поголемиот дел од операторите во мрежата
на
УФС имаат долгогодишно
искуство во компанијата. УФС
редовно
организира обуки
за
сите оператори
во
мрежата на Western Union во Македонија. Затоа нашите
оператори со квалификации
и искуство и дават на УФС голема предност
на
пазарот на ,,брз трансфер на пари’’.
Како резултат на искуството од повеќе од
9
години, проширената мрежа,
квалификуваноста
на вработените,
разновидноста
на услугите
и
силната
финансиска
состојба,
Унија
Финансиска Скопје
поседува добра
позиција
на пазарот
и секогаш
бара нов начин да остане
лидер
во
услугите што ги нуди. |