Western Union
 

Тел: + 389 2 32 18 902  Улица „Гоце Делчев" Т.Ц. Мавровка, Лам A Спрат 5   |    Дома   |   English  |  Shqip   

Прашање и Одговори

 

Што е Western Union.?

Western Union Financial Services Inc. е компанија број 1 за услугите на трансфер на пари во целиот свет. Во почетокот беше позната по телеграфските услуги Western Union почна да нудува електронски трансфер на парите во 1871 год. Има повеќе од 305.000 Агенции на Western Union  во повеќе од 195 држави во целиот свет.

Кој може да ги користи услугите на Western Union - трансфер на пари?

Секој кој има потреба да испраќа пари на најбрз и најсигурен начин може да го користи Western Union.

Дали треба да имам жиро сметка во банка за да користам услуги на Western Union - трансфер на пари?

За да ги користите услугите на Western Union - трансфер на пари не треба да имате банкарска жиро сметка и не треба да имате кредитна картичка. Меѓутоа, од  безбедносни причини, испраќачот треба да има важечки документ за идентификација.

Какви валути можат да се користат за услугите на Western Union ?

Ова зависи од државата во која го вршите трансферот, на пример во САД можете да испраќате само Американски Долари. За подетални информации обратете се во  Центар за услуги на клиенти во Western Union во соодветната земја.

Како можам да испраќам пари во некоја агенција на Western Union?

Испраќањето на пари е многу едноставно:

  • Потребно е да одите во најблиската агенција која ја нуди услугата на Western Union- трансфер на пари и да потполните формулар ,,Испорака на Пари’.

ЗАБЕЛЕШКА: Оваа услуга не се нуди во сите локации на Western Union.

  • Предадете го потполнетиот формулар, износот што ќе го испратите и соодветната провизија. Постои можност да биде побарано од вас да покажете важечки документ за идентификација согласно законот во соодветната држава и според правилата на Western Union.  
  • Службеникот во Western Union ќе ги внесе податоците од формуларот во системот, потоа ќе ви го даде  Контролниот  Број на Трансферот на Парите (MTCN) и еден примерок од формуларот.
  • Контактирајте со примачот и дадете му го контролниот број ( MTCN) и испратениот износ. Согласно законот во државата и правилата на Western Union можно е службеникот да побара од вас да направите -Тест Прашање за Примачот на парите  кое ќе помогне полесно да го идентификуваат во локацијата на Western Union при примањето на парите.

Како можам да испраќам пари преку телефон или интернет ?

Потребно е да располагате со Американска Кредитна Картичка за да испраќате пари преку телефон или интернет. За да испрќате пари во Англија телефонирајте на Fexco UK и операторот ќе ве информира за сите дејности на трансферот. Ако сакате да испратите пари преку интернет кликнете тука.

Забелешка: Овие услуги не се достапни во сите држави.

Што е Контролниот  Број на Трансферот на Парите ( MTCN) и зошто е потребен?

Контролниот  Број на Трансферот на Парите ( MTCN) е број кој е внесен од службеникот на Western Union и им помага на Western Union да ги конролираат сите трансфери на пари, вклучително и тогаш кога трансферот е извршен преку телефон или интернет. Ако сакете да си го проверите трансферот, кликнете тука   Испраќачот треба да му го даде овој број на Примачот, за тој полесно да ги прими парите во најблиската агенција.

Што треба да правам за трансферот на парите да се изврши полесно ?

Прво, осигурај се дека информацијата што ја имаш дадено е точна, во случај на потреба, Western Union да контактира со вас. Второ, треба да внесете точно име, презиме и адреса на Примачот за да нема проблеми кога тој ќе се идентификува и ќе ги прима парите. За да го забрзате процесот на примање на парите дадете му го на Примачот бројот и контролниот број (MTCN)

Како можам да плаќам за еден трансфер на пари во Western Union ?

Сите трансфери во Western Union се плаќаат во готово. Трансферите кои се вршат преку телефон или интернет, се плаќаат со кредитна каритичка . https://wumt.westernunion.com/asp/mtReceiver.asp

Како можам да ја најдам најблиската агенција на Western Union?

За да ја најдете најблиската агенција на Western Union можете да ја посетите интернет адресата на Western Union. Исто така можете да контактирате телефонски со Центарот на услуги со клиенти на  Western Union во државата каде се наоѓате да се информирате за најблиската агенција до вас.

Како да примиш пари од некоја Агенција на Western Union?

Да повлекуваш пари многу е обично:

·         Потребно е да отидете до најблиската агенција на Western Union, да потполните формулар за Примање на пари и да го напишете Контролниот Број на Трансферот на Пари (MTCN).

·         Во формуларот напишете го приближниот износ што го очекувате да го примите, името на Испраќачот како и местото од каде се испратени парите

·         Покажете важечки документ за идентификација (пасош или лична карта).

·         Парите можете да ги подигнете за неколку минути. Службеникот во Western Union ќе ви ги исплати парите и ќе ви даде еден примерок од формуларот за трансферот.

Во каква форма им се исплатуваат парите на примачот ?

Исплаќањето се врши во готово во агенциите на Western Union.

Каков курс на размена употребува Western Union при трансферот на парите ?

Освен тарифите на извршните трансфери во секоја трансакција, се аплицира и курсот на размената на валутата, поставен од Western Union. Процентот на размената на валутата аплицирана од страна на Western Union на клиентот им дава за секој долар помала валута во споредба со тоа што го добива Western Union, кога прима надворешни валути. Курсот на размената на валутата се изменува преку денот. Курсот може да се поставува во времето кога ги подигнувате парите. За да се информирате за приближниот курс на размената на трансферите телефонирајте со агенцијата на Western Union во вашата земја.

Дали плаќа примачот некоја тарифа за примањето на испратените пари?

Не. Испраќачот ги плаќа сите тарифи на услугата.

Како може да се информираме дека Примачот ги примил парите?

Ве молиме кликнете тука и проверете дали вашиот контролен број (MTCN) е важечки или телефонирајте во една од најблиските агенции.

Кое е работното време на Western Union?

Секоја агенција на Western Union го одредува работното време според законите на државата каде што таа работи. Меѓутоа многу агенции работат со продолжено работно време преку цела недела и за викендите.

Што добивам кога ги користам услугите на Western Union за испраќање на моите пари ?

  • СИГУРНОСТ: Трансферот се обезбедува со висок систем на сигурност според меѓународни стандарди.
  • БРЗИНА: Можете да испраќате пари кои за неколку минути ќе можат да се подигнат од страна на Примачот.
  • ДОВЕРБА: Парите се исплаќат само на  лицето одредено од ваша страна како ( Примач ). Western Union ви гарантира дека вашиот трансфер ќе биде важечки за исплаќање или во спротивно ќе биде вратен пак на испраќачот. За повеќе информации погледнете го формуларот ,,Испорака на пари ’’.
  • ЕДНОСТАВНОСТ: Не е потребно да имате жиро сметка, чекови или депозит. Може да употребите телефон или интернет. Широка мрежа на Aгенции на Western Union кои можат да се најдат многу лесно и се многу блиску до вас.