ЗА НАС

Унија Финансиска Скопје е агент на глобалната мрежа за брз трансфер на пари Western Union и своите услуги ги нуди преку сопствената мрежа Унионнет. Со брзи, сигурни и безбедни финансиски услуги, Унија Финансиска Скопје ја изгради најшироката мрежа на локации за брз трансфер на пари низ државата.

Клиентите на Western Union можат брзо и лесно да трансферираат пари во повеќе од 550.000 агенции на Western Union во повеќе од 200 држави низ целиот свет.

Услугата на Western Union се нуди во Македонија од Септември 1999 година.

Од 2004 година, Унија Финансиска Скопје (УФС), како наследник на Интернационална Финансиска Унија (ИФУ),  се стекнува со лиценца од страна на Народна Банка на Република Македонија, како  небанкарска финансиска институција која ги нуди услугите на  брз трансфер на пари.  УФС има договор на застапување со WESTERN UNION  NETWORK ,глобален лидер во услугите на брз трансфер на пари со повеќе од 150 години искуство.

Мрежата и Проширувањето

Унија Финансиска Скопје има воспоставено мрежа во Македонија со повеќе од 250 aгенции во повеќе од 30 градови. 

  • Агенции кои исклучиво се занимаваат со Western Union
  • Туристички агенции
  • Менувачници
  • Банкарски локации
  • Македонска Пошта


  • Бул. Гоце Делчев, ТЦ Мавровка, Лам. А, 5 кат, Скопје, Северна Македонија
  • +389 2 32 18 902
  • ufs@ufs.com.mk