Често поставувани прашања за Wестерн Унион Трансфер на пари
Што е Western Union®?
Western Union Financial Services Inc. е компанија број 1 за услугите на трансфер на пари во целиот свет. Во почетокот беше позната по телеграфските услуги Western Union почна да нудува електронски трансфер на парите во 1871 год. Има повеќе од 305.000 Агенции на Western Union во повеќе од 195 држави во целиот свет.
Кој може да ги користи услугите на Western Union – трансфер на пари?
Секој кој има потреба да испраќа пари на најбрз и најсигурен начин може да го користи Western Union.
Какви валути можат да се користат за услугите на Western Union ?
Ова зависи од државата во која го вршите трансферот, на пример во САД можете да испраќате само Американски Долари. За подетални информации обратете се во Центар за услуги на клиенти во Western Union во соодветната земја.
Центар за услугите на клиентот УФС.
Тел: + 389 2 32 18 902
Е-маил : За дополнителни прашања или информации можете да контактирате Центар за услугите на клиентот УФС во : ufs@ufs.com.mk
Броевите на Центар за Услугите на Клиентот низ целиот свет. Кликни во Агенција Western Union за да ги најдете броевите на Центарот за услугите на клиентот на Western Union било каде во светот.
Прашање и Одговори
Како можам да испраќам пари во некоја агенција на Western Union?
Испраќањето на пари е многу едноставно:
- Потребно е да одите во најблиската агенција која ја нуди услугата на Western Union- трансфер на пари и да потполните формулар ,,Испорака на Пари’.
ЗАБЕЛЕШКА: Оваа услуга не се нуди во сите локации на Western Union.
- Предадете го потполнетиот формулар, износот што ќе го испратите и соодветната провизија. Постои можност да биде побарано од вас да покажете важечки документ за идентификација согласно законот во соодветната држава и според правилата на Western Union.
- Службеникот во Western Union ќе ги внесе податоците од формуларот во системот, потоа ќе ви го даде Контролниот Број на Трансферот на Парите (MTCN) и еден примерок од формуларот.
- Контактирајте со примачот и дадете му го контролниот број ( MTCN) и испратениот износ. Согласно законот во државата и правилата на Western Union можно е службеникот да побара од вас да направите -Тест Прашање за Примачот на парите кое ќе помогне полесно да го идентификуваат во локацијата на Western Union при примањето на парите.
Што е Контролниот Број на Трансферот на Парите ( MTCN) и зошто е потребен?
Контролниот Број на Трансферот на Парите ( MTCN) е број кој е внесен од службеникот на Western Union и им помага на Western Union да ги конролираат сите трансфери на пари, вклучително и тогаш кога трансферот е извршен преку телефон или интернет. Ако сакете да си го проверите трансферот, кликнете тука Испраќачот треба да му го даде овој број на Примачот, за тој полесно да ги прими парите во најблиската агенција.
Што треба да правам за трансферот на парите да се изврши полесно ?
Прво, осигурај се дека информацијата што ја имаш дадено е точна, во случај на потреба, Western Union да контактира со вас. Второ, треба да внесете точно име, презиме и адреса на Примачот за да нема проблеми кога тој ќе се идентификува и ќе ги прима парите. За да го забрзате процесот на примање на парите дадете му го на Примачот бројот и контролниот број (MTCN).
Како можам да плаќам за еден трансфер на пари во Western Union ?
Сите трансфери во Western Union се плаќаат во готово. Трансферите кои се вршат преку телефон или интернет, се плаќаат со кредитна каритичка . https://wumt.westernunion.com/asp/mtReceiver.asp
Каков курс на размена употребува Western Union при трансферот на парите ?
Освен тарифите на извршните трансфери во секоја трансакција, се аплицира и курсот на размената на валутата, поставен од Western Union. Процентот на размената на валутата аплицирана од страна на Western Union на клиентот им дава за секој долар помала валута во споредба со тоа што го добива Western Union, кога прима надворешни валути. Курсот на размената на валутата се изменува преку денот. Курсот може да се поставува во времето кога ги подигнувате парите. За да се информирате за приближниот курс на размената на трансферите телефонирајте со агенцијата на Western Union во вашата земја.

Адреса
- Бул. Гоце Делчев, ТЦ Мавровка, Лам. А, 5 кат, Скопје, Северна Македонија
- +389 2 32 18 902
- ufs@ufs.com.mk