Како да испратите пари од локација на Western Union®

Со услугата Western Union Брз Трансфер на Пари ® можете безбедно и брзо да испраќате пари од преку 500.000 локации на Western Union низ целиот свет.

1 – Одете во Агенцијата

Прв чекор – Одете во Агенцијата

Одете до најблиската локација што ја нуди услугата Western Union Money Transfer ® и поднесете валиден документ за идентификација до операторот. Дадете го името и презимето на примачот, местото каде што ќе ги испратите парите и износот што сакате да го испратите. Вработениот ќе ве информира за провизиите што се применуваат и менувачкиот курс што може да се користи. Предадете ги парите што ќе ги испратите и провизијата за трансфер.

2- Пополнете го формуларот „Испорака на пари“.

Вашите податоци ќе бидат регистрирани во системот и операторот ќе го издаде образецот „Испорака на пари“. Проверете дали податоците во формуларот за трансфер на пари се во ред и потпишете го овој документ. Откако ќе го предадете износот на пари што го испраќате заедно со  потпишаниот формулар, операторот ќе ви го врати документот за идентификација заедно со примерок од формуларот „ Испорака на пари “, каде што се наоѓаат 10-те цифри од контролниот број за трансфер на пари (MTCN) и сумата што ја испраќате.

‎‎‎‎‎‎‎‎

3 – Информирајте го примачот

Парите ќе бидат достапни за подигнување за неколку минути * откако ќе го добиете контролниот број за трансфер на пари (MTCN). Потоа можете да го контактирате примачот и да го известите дека парите може да се подигнат на која било локација на Western Union во земјата на примачот. За подигнување на парите, примачот мора да има валиден документ за идентификација, име и презиме на испраќачот, местото од каде што се испратени парите и очекуваната сума на пари. Примачот мора да го даде и точниот контролен број за трансфер на пари (MTCN).

‎‎‎


  • Бул. Гоце Делчев, ТЦ Мавровка, Лам. А, 5 кат, Скопје, Северна Македонија
  • +389 2 32 18 902
  • ufs@ufs.com.mk